Зоран Николов
Објавено: сабота, 28 јануари 2006
Ни требаше малку повеќе време и напор да дојдеме до наши ептен блиски извори во скандинавските земји за да дознаеме како обични граѓани со право на глас. За жал, на наше големо разочарување, нашите извори во скандинавските земји поим немаат што се тоа „кристално фер и демократски избори“. Напротив, тие беа ептен многу заинтересирани да дознаат од нас кој измислил такви. Ако сме во можност дури и да го снимиме со камера или фотоапарат (ни рекоа дека можеме да се концентрираме само на регистерската табличка на неговиот автомобил-тоа ќе им било доволно за идентификација) за да го повикаат, па ако е нешто како за нив измислено, згора и уште поквалитетно од нивното, веднаш да го применат. Она што посебно не изненади во одговорот беше дека сите нивни избори се нормално фер и демократски, па нема потреба тоа посебно да се акцентира. Дури ни нагласија дека тие-нивните воопшто ниту биле некогаш, ниту се или ќе бидат поразлични од оние во другите демократски држави (нема ништо во нив специфично скандинавско, најмалку, пак, кристално). Не ни преостанува ништо друго, освен да бидеме трпеливи, да почекаме и да видиме какви тоа „кристални скандинавски фер и демократски избори“ ќе ни организира Владата на чело со секогаш симпатично насмеаниот и некогаш несимпатично намуртениот ни премиер. Само да не биде ептен жешко, па да не можеме да излеземе на гласачките места поради опасност од изгоретини од прв степен или да не удри несвестица од сончаница. Avizo-MC
Tweet |